Градоначалникот Орце Ѓорѓиевски денеска ја пречека американската амбасадорка Анџела П. Агелер во нејзината прва официјална посета на Град Скопје.

Средбата била насочена кон продлабочување на стратешкото партнерство меѓу САД и Градот, со главни приоритети: институционален развој, економски напредок и борба против корупцијата.

Ѓорѓиевски ја истакна клучната порака од средбата:

„Особено важно беше заедничкото согледување на потребата од бескомпромисна борба против корупцијата на сите нивоа. Се согласивме дека само со транспарентност, отчетност и силни институции можеме да изградиме модерно и доверливо општество.“

Градоначалникот ја информирал амбасадорката за реализацијата на изборната програма и тековните проекти, нагласувајќи дека поддршката од САД е од огромно значење за напредокот на Скопје.

Exit mobile version