Денес е празник на демократијата, ден кога гласот на секој граѓанин има сила да ја обликува иднината, рече Орце Ѓорѓиевски, кандидат за градоначалник на град Скопје од редовите на ВМРО-ДПМНЕ.
Ве повикувам да излезете масовно, да го остварите своето право на глас и да го направите изборот што го заслужувате вие, вашите деца и генерациите што доаѓаат, истакна Ѓорѓиевски откакоо го оствари своето право на глас.
„Скопје заслужува визија, развој и сигурна иднина.
Скопје го заслужува најдоброто!“, нагласи Ѓорѓиевски.