Градоначалникот Орце Ѓорѓиевски, во гостување во Вестите на Сител, најави дека проектот за брз автобуски транспорт, БРТ, ќе биде ставен во функција до крајот на неговиот мандат.

Тој посочи дека, покрај изградбата на коридорот од Ѓорче Петров до Ново Лисиче, предвидена е и набавка на 40 автобуси кои ќе сообраќаат на оваа траса. Според Ѓорѓиевски, до крајот на годината треба да започнат и теренските активности поврзани со реализацијата на проектот.

„До крајот на мојот мандат ќе биде ставен во функција целиот брз рапид транспорт“, истакна Ѓорѓиевски.

Exit mobile version