„Со одлука на Владата, Скопјe ќе добие 100 нови, модерни и целосно еколошки градски автобуси, чекор што ќе го промени секојдневниот живот на илјадници граѓани кои го користат јавниот превоз“, напиша градоначалникот на Скопјe, Орце Ѓоргиевски, на Фејсбук.

„Со голема одговорност ви ја објавувам веста што ќе значи нов почеток за нашиот град. Како што нагласи премиерот Христијан Мицкоски, Градот Скопјe ќе добие 100 автобуси и 50 полначи. Ова значи безбеден, навремен и достоинствен јавен превоз, но и силен удар во корист на заштитата на здравата животна средина и чистиот воздух, наш приоритет што им го должиме на нашите деца и идните генерации. Оваа одлука е дел од стратешкиот договор меѓу владата помеѓу нашата влада и владата на Унгарија, кој овозможува набавки по исклучително поволни услови“, пишува Ѓорѓиевски.

Со ова, тој очекува да се надмине долгогодишниот проблем со јавниот превоз во Скопје.

„Свесен за важноста на предизвиците, ја прифатив оваа одговорност за да можеме да ги погледнеме проблемите во очи и заедно да ги решиме. А резултатите се веќе видливи. За помалку од три месеци од преземањето на функцијата, започнавме процеси кои беа заглавени долго време; до крајот на оваа година ќе пристигнат нови возила за „Комунална хигиена“ и ќе започне снабдувањето со нови автобуси“, напиша Ѓорѓиевски.

Exit mobile version