Close Menu
Press24
    Најново

    Што би смениле кога би можеле да го живеете животот од почеток?

    18.03.2026 во 23:45

    Беџети се пожали: Пораки од Собрание добивам само на македонски

    18.03.2026 во 22:52

    Ифтарска вечера организирана од Коњановски

    18.03.2026 во 22:41
    Facebook X (Twitter) Instagram
    • Што би смениле кога би можеле да го живеете животот од почеток?
    • Беџети се пожали: Пораки од Собрание добивам само на македонски
    • Ифтарска вечера организирана од Коњановски
    • ФОТО: Мицкоски разговараше со Фон дер Лајен
    • Почина Архиепископот на Грузија, Илија II
    • Израелски удар во срцето на Техеран: Убиен министерот за разузнавање Есмаил Хатиб
    • (ВИДЕО) „Реки од народ“ во Техеран: Масовна поддршка за иранските воени операции
    • Милошоски – Лексман: Членството во ЕУ е заемно корисно за стабилноста
    • Најново
    • Популарно
    • Маркетинг
    • Импресум
    Facebook Instagram TikTok
    Press24Press24
    • Насловна
    • Македонија
      • Политика
      • Скопје
      • Црна хроника
    • Бизнис
    • Свет
      • Регион
    • Забава
    • Спорт
    • Технологија
    • Интервју
    Press24
    Home » Ѓорѓиева: Со измените на Кривичниот закон се враќа правдата во државата

    Ѓорѓиева: Со измените на Кривичниот закон се враќа правдата во државата

    12.01.2026 во 17:562 Mins Read
    Сподели
    Facebook Twitter LinkedIn Pinterest Email

    Весна Ѓорѓиева, пратеничка од редовите на ВМРО-ДПМНЕ,  се обрати денес на 80-та седница во Собранието на која се расправаше и Предлог на Законот за изменување и дополнување на Кривичниот законик, при што истакна дека измените се однесуваат на суштинското прашање, а тоа е да ја вратат правдата и функционалноста на системот преку појасни одредби. Според неа, без функционален и праведен систем не може да постои ниту стабилна држава, ниту сигурност за граѓаните.

    ,,Нашите граѓани ќе ја гледаат сигурноста кога ќе биде сигурен правниот систем во државата“, рече Ѓорѓиева.

    Таа се осврна на членот 353 од предлог законот, со кој како што посочи, се враќа суштината на кривичното дело злоупотреба на службена положба.

    ,,Се враќа суштината на злоупотреба на службена положба, пречекорување на овластувањата или неизвршување на службена положба. Со овој закон се распушта претходниот закон во 2023 година кој беше донесен од СДС и ДУИ, каде што беше разводенет, односно каде што казните беа намалени, дејствијата беа потешко докажливи, а роковите за застареност беа скратени“, истакна Ѓорѓиева.

    Според неа, законот не е наосочен против оние кои работат чесно, туку против корупцијата и злоупотребата на службената положба.

    ,,Држава без кривичен закон е како држава без рбтет. А држава без рбет секој може да ја скрши. Почитувани граѓани, овој закон е порака до секој што мисли дека државата е приватен бизнис, овој закон е порака дека времето на неказнивост завршува и да, можеби на некому тоа не му одговора, но на народот тоа му одговара, и тоа го бара од нас“, вели Ѓорѓиева.

    Популарно

    Што би смениле кога би можеле да го живеете животот од почеток?

    18.03.2026 во 23:45

    Беџети се пожали: Пораки од Собрание добивам само на македонски

    18.03.2026 во 22:52

    Ифтарска вечера организирана од Коњановски

    18.03.2026 во 22:41

    ФОТО: Мицкоски разговараше со Фон дер Лајен

    18.03.2026 во 22:22
    Facebook X (Twitter) Instagram
    • Насловна
    • Најново
    • Импресум
    • Маркетинг
    Њу Медиа Комјуникејшн © 2010 | сите права заштитени

    Type above and press Enter to search. Press Esc to cancel.