Ѓорѓе Давид се сретна со сопругот на жената што ја прегази: „Сакав да го тргнам товарот од срцето“

Српскиот музичар Ѓорѓе Давид кој пред околу еден месец со автомобил усмрти жена во Македонија се сретнал со нејзиниот сопруг. Тој разговор за него бил искчително важен.

– Го запознав човекот чија сопруга загина во таа сообраќајна несреќа. Разговорот што го имав со него беше крајно човечки, нормален, крајно татковски, тој е и татко на женско дете. Мене ми беше многу важно да отстранам огромен товар од моето срце бидејќи знаев дека сака да ја слушне приказната од главата на човекот зад воланот. Мислам дека тоа му расчисти некои облаци во главата. Многу ми е важно човекот да е свесен за целата ситуација. Го направив најдоброто што можев во тој момент – рече Ѓорѓе Давид.

Музичарот истакна дека никогаш нема да го заборави разговорот кој како што вели бил многу емотивен.

 Седнавме на јавно место, еден спроти друг. Тоа беше многу емотивен разговор кој траеше 45 минути, никогаш нема да го заборавам. До тој степен ми е важно како раѓањето на моето дете, првиот бакнеж, првиот концерт и слично – вели Ѓорѓе Давид.

Ѓорѓе давид неодамна истакна дека слободата ќе ја почувствува кога ќе заврши целиот судски процес и дека се надева дека тоа ќе се случи во следните 6 месеци.

– Тоа е нешто што едноставно е услов во целата оваа постапка што мора да се исполни. Луѓето велат: „Имаш документи, слободен си“. Не, јас воопшто не се чувствувам така. Во таа смисла ќе почувствувам дека сум слободен кога ќе заврши тој процес. Нема да биде готово за еден месец, да кажам уште сега, не дај Боже да биде готово за половина година. Тоа ќе трае, но дури кога ќе заврши тој процес, каде што официјално ќе ми биде дадено решение на хартија, дај Боже да немав одговорност која треба да ја носам во сето ова. А биде така – ќе почувствувам дека сум слободен – изјави српскиот музичар.

22.02.2024 - 14:21

 

 

 

 

 

 

 

Редакцијата на Press24 не сноси никаква одговорност за коментарите. Бидејќи се генерираат преку Facebook за нив важат правилата и условите на социјалната мрежа

најчитано сега