Ѓорчев во Лондон: Македонија и Македонците се борат за своите права и слободи

 

Членот на ИК на ВМРО-ДПМНЕ Влатко Ѓорчев во Лондон се обрати пред извршниот комитет на ИДУ, најголемата глобална организација на десниот центар.  

Во своето обраќање Ѓорчев се осврна на внатрешните состојби во Македонија, како и поширокиот контекст околу државата.  

Ѓорчев истакна дека Македонија и Македонците се борат за своите права и слободи, не загрозувајќи никого.  За жал,  Македонија и македонскиот народ во 21-от век се соочени со оспорување и негирање на идентитетот и посебноста.

„Во поглед на домашната политика, Ѓорчев нагласи дека Македонија се соочува со економска катастрофа и егзодус на населението, проследени со огромна корупција и секојдневни скандали.

Ѓорчев додаде дека ВМРО-ДПМНЕ води на сите релевантни анкети, а дека се очекува убедлива победа на следните парламентарни избори и составување на следната Влада на ВМРО-ДПМНЕ.
Меѓународната демократска унија (ИДУ) е најголемата глобална организација на десниот центар, со повеќе од 100 сестрински партии од целиот свет“, информираат од ВМРО-ДПМНЕ.

23.06.2023 - 19:12

 

 

 

 

 

 

 

Редакцијата на Press24 не сноси никаква одговорност за коментарите. Бидејќи се генерираат преку Facebook за нив важат правилата и условите на социјалната мрежа

најчитано сега