Ѓорчев: ВМРО-ДПМНЕ кога нешто ќе вети - остварува, а СДСМ донесе егзодус во Македонија
Владимир Ѓорчев од ВМРО-ДПМНЕ во денешното гостување на Алсат-М истакна дека она што партијата ќе го вети и го исполнува.
-Ќе понудиме работа и збор. Затоа што кога ВМРО ДПМНЕ нешто ќе каже, ќе го направи тоа. Ќе донесеме фабрики и ќе градиме автопатишта. Да беше ВМРО до сега ќе беше готов автопатот од Скопје до Блаце. Кога доаѓате од Приштина за Скопје до косовска граница доаѓате на писта на современ автопат Арбен Џафери се вика и доаѓате во Македонија каде едвај поминувате на пат кај што не можат да се разменат луѓето, рече Ѓорчев.
Рече дека претседателот на СДСМ, Зоран Заев ги ветувал „Фејсбук“ и „Гугл“, а досега не отворил ниту една фабрика.
-Зоран Заев не донел ниту една фабрика, ни кај Македонците, ни кај Албанците ни кај Ромите, ни кај Турците ни кај било кого. Ние рековме ќе ни дојдат Фејсбук и Гугл во Македонија ќе се случуваат чуда живот за сите итн. Ние станавме општество и држава од која најмногу се иселуваат луѓе во Балканот во последните 3 години. Егзодус се случува од Македонија, додаде Ѓорчев.
Редакцијата на Press24 не сноси никаква одговорност за коментарите. Бидејќи се генерираат преку Facebook за нив важат правилата и условите на социјалната мрежа