Close Menu
Press24
    Најново

    20 години од смртта на Наско Џорлев

    28.10.2026 во 23:19

    Тешко повредени двајца млади велешани, со автомобил удриле во дрво

    28.10.2026 во 23:02

    Ноа Вaјл прогласен за најсексипилен маж

    28.10.2026 во 22:47
    Facebook X (Twitter) Instagram
    • 20 години од смртта на Наско Џорлев
    • Тешко повредени двајца млади велешани, со автомобил удриле во дрво
    • Ноа Вaјл прогласен за најсексипилен маж
    • Пет планети се ретроградни, еден знак особено ќе ја доведе во прашање љубовта
    • Патници на луксузен крузер останаа заглавени во Камбоџа поради драстичниот раст на цените на горивата
    • Пет намирници што жените над 50 години треба почесто да ги јадат
    • Неочекуван потег од Брисел: Канада останува без здруженото членство во европските механизми
    • Министерот Ферати учествуваше на панел-дискусија на тема „Охридскиот рамковен договор и генерацијата што не чека: 25 години зад нас, 25 години пред нас“
    • Најново
    • Популарно
    • Маркетинг
    • Импресум
    Facebook Instagram TikTok
    Press24Press24
    • Насловна
    • Македонија
      • Политика
      • Скопје
      • Црна хроника
    • Бизнис
    • Свет
      • Регион
    • Забава
    • Спорт
    • Технологија
    • Интервју
    Press24
    Home » Ѓоковиќ го заврши УС Опен уште на стартот: „Се чувствував ужасно на теренот”

    Ѓоковиќ го заврши УС Опен уште на стартот: „Се чувствував ужасно на теренот”

    31.08.2026 во 09:242 Mins Read
    Принтскрин
    Сподели
    Facebook Twitter WhatsApp

    Новак Ѓоковиќ доживеа неочекувана елиминација на УС Опен, откако во првото коло загуби од Аргентинецот Маријано Навоне по повеќе од четири и пол часа игра.

    Навоне, кој е 49. тенисер на светската ранг-листа, го совлада Ѓоковиќ со 7:6 (7:5), 5:7, 4:6, 6:2, 6:1 во меч во кој српскиот тениски ас имаше сериозни физички проблеми.

    За Ѓоковиќ ова е првпат во кариерата да биде елиминиран во првото коло на УС Опен. Тој досега на турнирот во Њујорк секогаш успеваше да стигне најмалку до третото коло, а последен пат на гренд слем турнир загуби во воведното коло во 2006 година.

    Српскиот тенисер во текот на мечот имаше проблеми со повраќање, грчеви и болки, а во финишот побара и медицинска помош поради проблеми со грбот. И покрај тешкотиите, Ѓоковиќ успеа да поведе со 2:1 во сетови, но потоа Навоне целосно го презеде мечот.

    „Очигледно беше дека се чувствував ужасно на теренот. За жал, со ова се мачам повеќе или помалку на секој меч оваа година. Повраќањето е сериозен проблем. Потоа целото тело почнува да откажува – грчеви, болки… На крајот ми откажаа грбот и рамото“, изјави Ѓоковиќ по мечот.

    Тој призна дека во еден момент размислувал да се откаже, но по освојувањето на вториот и третиот сет повторно поверувал дека може да дојде до пресврт.

    „Размислував да се предадам, но потоа го добив сетот, па и третиот. Помислив дека можеби има шанса. Не сакав да се предадам во четвртиот и петтиот сет, сакав да го завршам мечот“, рече српскиот тенисер.

    Навоне, пак, приреди едно од најголемите изненадувања на турнирот. Аргентинецот не се поколеба ниту откако Ѓоковиќ направи пресврт и поведе со 2:1, туку со агресивна и истрајна игра ги освои последните два сета со 6:2 и 6:1.

    За 25-годишниот Аргентинец ова е една од најголемите победи во кариерата и првпат успеа да го совлада Ѓоковиќ на голем турнир.

    Ѓоковиќ во Њујорк пристигна со амбиција да се бори за 25. гренд слем титула, но турнирот за него заврши уште на стартот.

    Just In Top News
    Прочитај повеќе

    Кузеска: По падот на Вучиќ, пари од Алта банка се префрлаат во Македонија

    28.10.2026 во 11:25

    Герасимовски со стипендии за осум ученици: По 4.500 денари месечно за полесно школување

    28.10.2026 во 11:13
    Facebook X (Twitter) Instagram
    • Насловна
    • Најново
    • Импресум
    • Маркетинг
    Њу Медиа Комјуникејшн © 2010 | сите права заштитени

    Type above and press Enter to search. Press Esc to cancel.