Гир: Сакаме почеток на преговорите со Северна Македонија и Албанија што е можно поскоро

Сакаме почеток на преговорите со Северна Македонија и Албанија што е можно поскоро и ги поттикнуваме сите напори за остварување на оваа цел, изјави денеска во Скопје амбасадорот и шеф на Делегацијата на Европската унија во земјава Дејвид Гир.

Евроабасадорот Гир, во изјава за медиумите пред отворањето на панел дискусијата во рамки на одбележувањето на Денот на Европа 9 Мај, посочи дека не сака да навлегува во дебатата со рокови, но посочи дека треба да бидат направени максимални напори за остварување на целта за отворање на преговорите, што е можно побрзо.

–  Апсолутно сме одлучни да продолжиме напред, знаеме дека е од стратешки интерес на ЕУ и на земјите од Западен Балкан, овие земји да се приклучат на Унијата и ние очекуваме продолжување на процесот и да ја видиме Северна Македонија во ЕУ што е можно поскоро, изјави Гир.

Прашан дали новиот предлог на францускиот претседател Емануел Макрон е замена за евентуален неуспех на процесот на проширувањето, Гир рече дека ставот на Макрон и претседателот на Европскиот совет Шарл Мишел се јасни.

–  Пристапните процеси за земјите од Западен Балкан остануваат главна движечка сила. Нема промени за процесот на проширување и единствен пат е проширување за Западен Балкан. Тоа е апсолутен приоритет и пат базиран на реформи. Затоа, не гледам дека ова ќе влијае на патот кон полноправно членство во ЕУ, изјави Гир.

19.05.2022 - 12:03

 

 

 

 

 

 

 

Редакцијата на Press24 не сноси никаква одговорност за коментарите. Бидејќи се генерираат преку Facebook за нив важат правилата и условите на социјалната мрежа

најчитано сега