Ги фатели на дело: Полицијата приведе тројца крадци во Катланово

Полицијата приведе тројца крадци од Скопје. Како што соопшти МВР, тие биле фатени на дело во селот Катлоново.

-Вчера околу 12 часот во с.Катланово, скопско, од полициски службеници од Единицата за интервентна полиција при СВР Скопје лишени од слобода се Ф.А.(20), А.И.(31), двајцата од с.Огњанци, скопско и В.О.(38) од Скопје. Тие биле затекнати при извршување на кривично дело „кражба“ од имот сопственост на М.Р. и кај нив се пронајдени одземените предмети од кривичното дело, велат од МВР.

По целосно документирање на случајот против нив ќе биде поднесен соодветен поднесок.

29.06.2022 - 11:02

 

 

 

 

 

 

 

Редакцијата на Press24 не сноси никаква одговорност за коментарите. Бидејќи се генерираат преку Facebook за нив важат правилата и условите на социјалната мрежа

најчитано сега