Летни температури се измерени денеска во 14 часот ширум земјава, покажуваат официјалните податоци од Управата за хидрометеоролошки работи (УХМР).

Најтопло на почетокот од ова попладне е во јужните и централните делови од државата, каде живата во термометарот се искачи над 32-от степен.

Според официјалната табела на УХМР, ова се измерените температури во 14 часот по мерни станици:

  • Гевгелија: 32.6°C
  • Демир Капија: 32.2°C
  • Велес: 32.1°C
  • Скопје-Петровец: 30.8°C
  • Кавадарци: 30.4°C
  • Зајчев Рид (Скопје): 30.0°C

Во останатите градови низ Македонија, температурите се движат околу 29 степени во Штип (29.6°C), Куманово (29.4°C), Тетово (29.1°C), како и во Струмица и Виница со измерени 28.7°C.

Попријатно и посвежо време во 14 часот е регистрирано во повисоките и планинските места, па така во Крушево се измерени 22.3°C, во Маврови Анови 22.0°C, додека најниската температура е изведена на Попова Шапка со 16.5°C. На мерните станици во Пожаране и Лазарополе нема регистрирано податоци за овој час.

Exit mobile version