Младите момчиња кои годинава учествуваа во традиционалното фрлање по Светиот крст во водите на Крива Река, а кои се дел од тимот на градоначалникот Сашко Митовски, денеска го посетија градоначалникот во неговиот кабинет, стои во соопштението од Крива Паланка.

„Среќното момче кое го извлече Светиот крст е Наум Додевски, кој заедно со другите млади учесници и градоначалникот влезе во студените води по повод православниот празник Богојавление – Водици.

За време на средбата, младите донесоа одлука добиената награда од овој чин,  да ја донираат на седумчленото семејство Димитровски од Крива Паланка, каде што поддршката е најпотребна.

Овој гест е пример на човечност и солидарност и испраќа порака дека едно здраво и силно општество се темели на добрина, хуманост и меѓусебна поддршка.

Во прилог на ова писмо доставуваме фотографии од средбата за медиумско користење“, се вели во соопштението од Општина Крива Паланка.

Exit mobile version