Германските плажи на Балтичкото море преполни: Побрзаа да се разладат и покрај предупредувањата на Меркел (ВИДЕО)

Некои германски плажи на Балтичко Море биле преполни, па не можеле да примаат веќе гости, пишува Дојче веле.

Според наведеното, местата на морето бележат наплив на туристи, кои решија да го поминат годишниот одмор во татковината.

Сончевиот викенд се совпадна со почетокот на летните училишни распусти во шест германски покраини, но германската канцеларка Ангела Меркел бара вирусот да продолжи да се сфаќа сериозно.

Во саботата, убавото време привлече толку многу туристи кон плажите на Балтичкото Море, што некои места, како што се Шарбојец и Хафрук, објавија дека плажите се исполнети до последното место.

Бројот на посетители е ограничен заради правилата за растојание.

„Гостите кои доаѓаат се насочени да минуваат низ нашето место“, рече Бетина Шафер, градоначалник на Шарбојец, град на околу 15 километри северно од Либек.

За време на викендот, плажите и паркинзите беа полни, така што само локалното население и туристите можеа да влезат во местото со резервации во хотели и станови.

Дури и таму каде што има места на плажите на Балтичкото и Северното Море, некои туристи не можеа да доаѓаат воопшто.

Имено, неколку провинциите, особено оние кои се погодени од коронавирусот, можат да престојуваат во хотелите само доколку имаат свеж негативен тест за коронавирусот

Со тие мерки погодени се над 600.000 луѓе од Гитерлох и Варендорф, два окрузи од западниот дел на земјата, откако најголемата европска кланица стана ново жариште.

Вратени се строги мерки во обете области, а еден производител на месо се најде под остри критики поради очајните услови во кои живеат и работат претежно новодојденци од Балканот.

Опасноста не е помината, предупреди во саботата канцеларката Ангела Меркел.

„Сфатете го ова сериозно, бидејќи коронакризата не поминала“, им порача таа на граѓаните.

 

 

 

Добивајте вести на Viber

29.06.2020 - 09:10

 

 

 

 

 

 

 

Редакцијата на Press24 не сноси никаква одговорност за коментарите. Бидејќи се генерираат преку Facebook за нив важат правилата и условите на социјалната мрежа

најчитано сега