Германскиот виролог уверен: Ова е единствениот начин да се пресметаме со короната

Иако се чини дека ригорозните мерки се незибежни, познатиот германски виролог Кристијан Дростен заговара „мини-блокада“.

Смета дека три недели блокада би ѝ помогнале на земјата долгорочно гледано.

„Со вирусот нема преговори. Овој вирус едноставно наметнува блокада кога ќе дојде до одреден број на заболени“, објаснува научникот.

Тој вели дека инциденцата во Германија и понатаму е поприлично ниска.

„Ако сега нагазиме кочница ќе имаме долгорочен ефект. Тоа би ни заштедило многу време“, додал.

Дростен ги објаснил и предностите од привремената блокада, која би можела да има одредени исклучоци, како училиштата.

„Сите однапред знаат дека оваа блокада би била временски ограничена. Би траела три недели, што е малку повеќе од задолжителен карантин. Во тој случај уште повеќе би се намалила инциденцата би имале долгорочен ефект“, објаснува Дростен кој смета дека тоа е вин-вин ситуација.

Рекол дека мини-блокадите веќе постојат во некои делови од Велика Британија и осмислени се да спречат да дојде до колапс на здравствениот систем. Истовремено таков начин на блокада не би ја загрозил економијата.

Вирулогот советувал и дека се прават брзи тестови во групи. Тој објаснува дека ако некој е инфициран во колектив, сите во канцеларијата треба веднаш да направат брз тест.

„На тој начин ќе знаеме за 15 дали имаме кластер или не. Тогаш ја изолираме цела група“, рекол Дростен и додал дека ова е многу побрза процедува од ПЦР тестови кои се чекаат неколку дена.

 

 

 

Добивајте вести на Viber

28.10.2020 - 14:36

 

 

 

 

 

 

 

Редакцијата на Press24 не сноси никаква одговорност за коментарите. Бидејќи се генерираат преку Facebook за нив важат правилата и условите на социјалната мрежа

најчитано сега