Германски виролог: Оние кои нема да се вакцинираат, неминовно ќе се заразат

Германскиот виролог Кристијан Дрoстен очекува дека населението во Германија ќе добие имунитет против коронавирус за една и пол година.

Тоа, вели тој, ќе се случи со вакцинација или природна инфекција.

„Овој вирус ќе стане ендемски и нема да исчезне. Секој што ќе одлучи да не се вакцинира, неминовно ќе се зарази“, рече Дростен.

Тој посочува дека ништо не може да се стори против тоа, бидејќи епидемиолошките мерки со текот на времето ќе бидат повлечени.

После тоа, вирусот ќе циркулира во популацијата кај оние кои не биле имунизирани и малите деца кои не можат да се вакцинираат. „Вирусот ќе се прошири незабележливо, а потоа ќе наиде на луѓе кои не биле вакцинирани“, објасни Дростен.

И следната зима, тој очекува сериозни ковид-пациенти на интензивна нега. „Оние кои активно се одлучат против вакцината, мора да знаат дека активно се одлучиле за природна инфекција“, подвлече тој, додавајќи дека тоа е слободна одлука на секоја индивидуа.

Макфакс

 

 

 

Добивајте вести на Viber

12.05.2021 - 09:50

 

 

 

 

 

 

 

Редакцијата на Press24 не сноси никаква одговорност за коментарите. Бидејќи се генерираат преку Facebook за нив важат правилата и условите на социјалната мрежа

најчитано сега