Германија истражува дали Тему би можел да наметне недозволени услови за формирање цени на трговците на германскиот пазар.
Постапката е покрената против „Whaleco Technology Limited“, компанија со седиште во Даблин, која под брендот „Temu“ работи во Германија.
Од „Temu“ изјавија дека се придржуваат до сите важечки закони и прописи на пазарите каде што функционираат.
„Уверени сме дека сите поврзани прашања ќе можат успешно да се решат,“ стои во соопштението.
Платформата „Temu“, која нуди широк спектар на производи, е отворена за германски трговци отприлика една година.
Во моментов „Temu“ има околу 19,3 милиони активни корисници во Германија, а повеќе од 100 милиони корисници ја користат нејзината европска онлајн платформа секој месец, според податоците на канцеларијата.

