Германија: Повисоки даноци за богатите во кризата

Владино советодавно тело во Германија, предлага најбогатите во државата да плаќаат повисоки даноци и давачки, како солидарна помош за најсиромашните во кризата.

Оваа идеја може да предизвика криза во владата.

Од економски гледан аспект, секоја држава во чиј Устав е дефинирана како социјална, што значи дека солидарноста е категоризиранa како водилкa во економскиот свет, треба да обрне внимание на внимателно пренасочување на парите и секако, да ги олесни колку што може повеќе давачките на сиромашните.

Во конкретниот случај, во зависност од финансиската состојба, лицата треба да плаќаат поголеми и помали даноци. Логично, побогатите поголеми, додека пак посиромашниот дел од населението треба да плаќа помали даноци.

Нашата земја иако во Устав е категоризирана како социјална, оваа мерка не се спроведува. И богатите и сиромашните плаќаат исти пари за даноците.

Во случајов со Германија, советодавното тело на Владата предлага oние кои најмногу заработуваат треба да плаќаат повисоки даноци за да помогнат во финансирањето на поддршката за семејствата кои се соочени со зголемени сметки за енергија.

Експертите сметаат дека владата треба да донесе понасочени мерки за да се постигне поголема солидарност во екот на кризата со цените на енергенсите. 

Германската влада најави дека ќе инвестира 200 милијарди евра за да им помогне на бизнисот и домаќинствата да се справат со високите цени на енергенсите предизвикани од руската агресија врз Украина. Пакетот опфаќа и делумно ограничување на цените на гасот и струјата, кое ќе започне од 2023 година. 

10.11.2022 - 09:41

 

 

 

 

 

 

 

Редакцијата на Press24 не сноси никаква одговорност за коментарите. Бидејќи се генерираат преку Facebook за нив важат правилата и условите на социјалната мрежа