Германец избодел малолетници кои питачеле во Куманово

 


Доцна синоќа во 21.50 часот, полициски службеници од СВР Куманово го лишиле од слобода М.К.Б.(28) од Сојузна Република Германија затоа што на улица „Доне Божинов“ во Куманово со остар предмет нападнал двајца малолетници додека питачеле, кои се здобиле со повреди констатирани во Општа болница Куманово.

Тој бил приведен во полициска станица и по целосно документирање на случајот против него ќе следува соодветна пријава.

09.10.2024 - 18:08

Редакцијата на Press24 не сноси никаква одговорност за коментарите. Бидејќи се генерираат преку Facebook за нив важат правилата и условите на социјалната мрежа

најчитано сега