Германските партии од Христијанско-демократската унија (ЦДУ/ЦСУ) повикуваат на реформа на законот за државјанство и воведување ограничувања за двојното државјанство.

Овие повици вклучуваат и барања за одземање на пасошите од оние кои ги загрозуваат уставните вредности на Германија.

„Ние како земја мора да се запрашаме дали сè уште сакаме двојно државјанство и дали сè уште можеме да си го дозволиме тоа“, изјави пратеникот на Бундестагот од Христијанско-социјалната унија (ЦСU), Штефан Мајер, за „Билд“.

Тој нагласи дека фундаментална реформа на законот за државјанство е „неопходна“.

„Не можеме да им дадеме на луѓето привилегија на државјанство, а потоа тие да ги газат нашите вредности и нас“, нагласи Мајер.

Ставот го дели и пратеникот на ЦДУ, Корнел Бабендерерде, кој рече дека двојното државјанство треба да биде исклучок, а не правило.

Оваа политичка иницијатива доаѓа во време на рекорден број нови државјанства.

Во 2024 година, на околу 292.000 луѓе им е доделено германско државјанство – 46 проценти повеќе од претходната година.

Статистиката од 2023 година покажува дека од приближно 200.000 луѓе кои добиле државјанство, повеќе од 80 проценти го задржале својот претходен пасош, што значи дека сега имаат двојно државјанство.

Exit mobile version