Кандидатот за градоначалник и актуелен градоначалник на Центар Горан Герасимовски, денеска заедно со тимот на советници и хигиеничарите заеднички ја чистеа дивата депонија во населбата Крњево.

„Не само што секојдневно чистиме по улиците и околу контејнерите, денеска сме и во Крњево, за да ги исчистиме и дивите депонии. Заедно со нашиот тим, ќе ни бидат потребни неколку дена за целосно да го расчистиме просторот. Продолжуваме и понатаму посветено да се грижиме за хигиената во Општина Центар, тоа е наш врвен приоритет“, рече Герасимовски. 

Во програмата за работа во следниот мандат, Герасимовски најави две нови цистерни и пет метларки за почист Центар.

Leave A Reply

Exit mobile version