Поради силното невреме, градоначалникот Горан Герасимовски свика итен состанок на Општинскиот штаб за заштита и спасување.

Во тек е координација на сите надлежни служби, по што екипите веднаш излегуваат на терен за увид во состојбата и преземање на сите потребни мерки.

Ги повикуваме граѓаните да бидат внимателни и да избегнуваат непотребно движење додека трае невремето.

Доколку имаат пријави за паднати дрвја, оштетена инфраструктура или други последици од невремето, ги замолуваме веднаш да ги пријават до Општина Центар преку нашите официјални канали за комуникација, за да можеме навремено да реагираме.

Сите надлежни служби се во состојба на целосна подготвеност и ќе интервенираат онаму каде што е најпотребно, информираат од Општина Центар.

Exit mobile version