Владата прогласи кризна состојба поради состојбата со водата и епидемијата во Гостивар.

Со оглед дека локалната самоуправа не може да се справи со настаната состојба во Општина Гостивар, Владата донесе ваква одлука за прогласување на кризна состојба се со цел побрза координација на институциите како и ставање на водоснабдителниот систем во функција и обезбедување на вода за пиење во најкраток можен рок.
 Здравјето на граѓаните на Општина Гостивар останува фокус на Владата и посветени сме кон целосно решавање на овој проблем.
Дополнително, очекуваме ЈО да спроведе детална истрага и да го расчисти случајот, одговорност мора да има за секој еден што го ставил во ризик здравјето и животите на гостиварчани, велат од Владата.

Exit mobile version