Close Menu
    Најново

    Николоски: Проектот „Градски воз“ во Скопје ќе почне да сообраќа од почетокот на следното лето

    24.10.2025 во 13:15

    Се урна авион во Романија – загина балкански милионер

    24.10.2025 во 13:00

    Николоски: Ветивме дека ДУИ ќе оди во опозиција, прашање на време e пензионирањето на Ахмети

    24.10.2025 во 12:54
    Facebook X (Twitter) Instagram
    Актуелно
    • Николоски: Проектот „Градски воз“ во Скопје ќе почне да сообраќа од почетокот на следното лето
    • Се урна авион во Романија – загина балкански милионер
    • Николоски: Ветивме дека ДУИ ќе оди во опозиција, прашање на време e пензионирањето на Ахмети
    • Сообраќајка на патот Македонска Каменица – Делчево, сообраќајот е во целосен прекин
    • ВМРО-ДПМНЕ: СДС живеат во паралелен универзум на халуцинации
    • Почнува зимскиот ред на летање – ТАВ најави 10 нови дестинации
    • ВЛЕН: Кулата на лагите се урна
    • После невремето доаѓа голем пад на температурите – УХМР со детална прогноза
    • Најново
    • Популарно
    • Facebook
    • Twitter
    • Instagram
    Press24Press24
    • Насловна
    • Македонија
      • Политика
      • Скопје
      • Црна хроника
    • Бизнис
    • Свет
      • Регион
    • Забава
    • Спорт
    • Технологија
    • Интервју
    Press24Press24
    Home » Герасимовски: Очекувам победа во вториот круг

    Герасимовски: Очекувам победа во вториот круг

    24.10.2025 во 09:48
    Сподели
    Facebook Twitter LinkedIn Pinterest Email

    Кандидатот за градоначалник на Општина Центар, Горан Герасимовски, во емисијата „360 степени“ на МРТВ истакна дека граѓаните ја препознале неговата посветена и одговорна работа во изминатите четири години и дека очекува победа во вториот круг.

    Герасимовски посочи дека лично им честитал на двете кандидатки, кои излегоа од трката, за одличниот успех. Не разговарале за политичка поддршка туку за квалитетните програми и предлози што ги понудиле кандидатките.

    „Сметам дека нивните идеи и предлози можат да се вклучат во нашата програма во следниот четиригодишен мандат. Верувам дека поголемиот дел од гласачите кои гласаа за нив ќе ми дадат поддршка и дека ќе имаме голем број гласови во вториот круг. Центарци знаат да проценат и да го изберат најдоброто, а тоа е концептот за Центар што заеднички го сакаме,“ рече Герасимовски.

    Запрашан на што се должи повисоката поддршка за него како кандидат, со 2500 гласа повеќе отколку за советничката листа на СДСМ, Герасимовски посочи дека тоа е доказ дека граѓаните ја препознале неговата лична ангажираност и резултатите постигнати во изминатите четири години.

    „Тоа покажува дека граѓаните на Центар знаат да препознаат. Тие ја тргаат политиката настрана кога станува збор за локалната самоуправа и ја вреднуваат нашата заедничка соработка од претходниот мандат, поради што поддршката е поголема од онаа за партијата. Граѓаните ја препознаа работата на локалната самоуправа и на градоначалникот кој четири години работеше за нив, а не за политички интереси. Така ќе продолжиме и следните четири години, граѓаните гласаа за личност, и за мене е чест што го вреднуваа тоа што заедно сме го постигнале, што се потврдува и со резултатите од првиот круг,“ изјави Герасимовски.

    Герасимовски истакна дека на овие избори имало околу 1.500 неважечки ливчиња, што е поголем број во однос на претходните избори.

    „Ова ќе го анализираме во наредниот период. Станува збор за 4 листи со голем број партии и кандидати, па е можно дел од грешките да се направени ненамерно при заокружување. Можно е и револт на одреден дел на граѓаните кои свесно го поништиле гласачкото ливче. Во секој случај, анализата ќе ја покаже точната слика,“ рече градоначалникот.

    Популарно

    Ковачев: Македонците веќе се во ЕУ – 216.000 граѓани имаат бугарски пасоши

    24.10.2025 во 10:24

    (ВИДЕО) Се појави нова снимка од грабежот во Лувр, крадците се облечени во црно, еден носи и рефлектирачко елече

    24.10.2025 во 10:07

    ФОТО: Детали за излетаниот камион кај Хиподром – удрил во банкина

    24.10.2025 во 11:48

    Ново Лисиче: Си оделе по тротоар, возач со автомобил покоси четворица

    23.10.2025 во 14:14
    Facebook X (Twitter) Instagram
    • Насловна
    • Најново
    • Импресум
    • Маркетинг
    Њу Медиа Комјуникејшн © 2010 | сите права заштитени

    Type above and press Enter to search. Press Esc to cancel.