Close Menu
    Најново

    Герасимовски: Првата рампа за затворање на Дебар маало веќе е поставена, Центар добива и 30 мерачи за бучава

    27.10.2025 во 21:09

    Герасимовски: Донесовме ДУП-ови со повеќе зеленило и помалку градби

    27.10.2025 во 21:07

    Митески: Општина Аеродром успешно се справи со нефункционалноста на Комунална хигиена, го исчистивме целото ѓубре и во Дрисла депониравме 600 тони отпад

    27.10.2025 во 20:55
    Facebook X (Twitter) Instagram
    Актуелно
    • Герасимовски: Првата рампа за затворање на Дебар маало веќе е поставена, Центар добива и 30 мерачи за бучава
    • Герасимовски: Донесовме ДУП-ови со повеќе зеленило и помалку градби
    • Митески: Општина Аеродром успешно се справи со нефункционалноста на Комунална хигиена, го исчистивме целото ѓубре и во Дрисла депониравме 600 тони отпад
    • Вториот уапсен во „Комунална хигиена“ е раководителот Аки Саити, распитот сѐ уште трае
    • Николоски: Валандово ќе избере нов градоначалник на 2 ноември
    • Што „никогаш не простува“ Света Петка? Шанса за заштита и благослов
    • Мицкоски: Во недела масовно да излеземе на избори, седењето дома е најлошата опција
    • Албанија: Забрзано се шири австралискиот грип, 12.000 случаи неделно
    • Најново
    • Популарно
    • Facebook
    • Twitter
    • Instagram
    Press24Press24
    • Насловна
    • Македонија
      • Политика
      • Скопје
      • Црна хроника
    • Бизнис
    • Свет
      • Регион
    • Забава
    • Спорт
    • Технологија
    • Интервју
    Press24Press24
    Home » Герасимовски: Мислам дека сум единствен градоначалник во државата, кој не потроши ниту еден денар за непродуктивни намени

    Герасимовски: Мислам дека сум единствен градоначалник во државата, кој не потроши ниту еден денар за непродуктивни намени

    02.10.2025 во 09:20
    Сподели
    Facebook Twitter LinkedIn Pinterest Email

    Кандидатот за градоначалник и актуелен градоначалник на Општина Центар Горан Герасимовски, вчеравечер беше со жителите од населбата Крњево кадешто разговараше за идните проекти што треба да се реализираат по победата на локалните избори, стои во соопштението на кандидатот за градоначалник од СДСМ Горан Герасимовски.

    Герасимовски, потенцираше дека е намален огромниот долг на општината којшто тој го наследил кога стапил на должноста и и најави дека веќе следната година, општината нема да има никаков долг.

    „Не потрошив ниту еден денар од граѓаните на Центар, потенцирам, ниту еден денар, за патувања и оние непопуларни кафеани. Мислам дека сум единствен градоначалник во државата, кој не потроши ниту еден денар за непродуктивни намени, и сите пари, повеќе од 2 милиони денари ги пренаменивме за потребите на социјално ранливите граѓани“, рече Герасимовски.

    Тој, потенцираше дека во изминатите четири години, сите одлуки коишто ги носел ги правел единствено во интерес на центарци.

    „Не делев, јас обединував. Не бегав од проблемите, јас ги решавав. Не се криев од луѓето, јас одев кај луѓето. Не седев во фотељата, туку бев на улиците и во домовите, таму каде што е најважно и најпотребно. Бев достапен и отворен за сите. Едноставно, јас и мојот тим немавме и немаме дилеми, ние сме тука и мораме да работиме само за Центар“, изјави Герасимовски.

    Герасимовски, информираше дека за четири години инвестирани се над 13 милиони евра во Центар.

    „Парите на граѓаните ги дадовме за граѓаните. За најдобрата градинка во Македонија, за најдобрите училишта во Скопје, за реконструкција на улици, за ранци, прибор и стипендии на учениците, за опрема за хигиена и за најдобрите хигиеничари во Градот, за македонските и центарските легенди и култура, за спортот“, посочи Герасимовски.

    Популарно

    Арсовска му се закани на Премиерот по апсењето на директорот на Комуналец: Мицко, ќе бегаш од Македонија за некоја година

    27.10.2025 во 15:20

    Вучиќ го соопшти она што сите го чекаа

    27.10.2025 во 15:18

    Ново апсење: Падна уште еден од Комунална хигиена

    27.10.2025 во 14:24

    Мицкоски за Рамадани: Прво ќе ги изгуби изборите а после ќе биде сменет

    27.10.2025 во 09:16
    Facebook X (Twitter) Instagram
    • Насловна
    • Најново
    • Импресум
    • Маркетинг
    Њу Медиа Комјуникејшн © 2010 | сите права заштитени

    Type above and press Enter to search. Press Esc to cancel.