Герасимовски делеше вода на жештините заедно со Црвен Крст

 

Градоначалникот на Општина Центар Горан Герасимовски го придружуваше општинскиот Црвен крст кој деновиве спроведува заеднички теренски активности за превенција и заштита на здравјето на граѓаните од последиците на топлотниот бран.

Мобилните тимови составени од службите на локалната самоуправа и волонтерите од Црвен Крст на различни локации во општината делат вода, даваат прва помош, како и препораки и совети за справување со екстремно високите температури. Со акцијата се опфатени најфреквентните локации на улиците: Партизанка, Водњанска, кај Рекорд и улица Македонија.

,,Ваквите вонредни времени услови можат да бидат штетни и опасни по здравјето. Затоа и се одлучивме да реагираме на терен и да ја покренеме акцијата, во која и јас лично сум вклучен. На жешкиот асфалт подадена чаша вода и навремената интервенција доколку е тоа потребно, можат да спасат живот“, порача градоначалникот Герасимовски.

Акцијата на Општина Центар и Општинската организација Црвен Крст Центар ќе трае и во наредните денови, каде мобилни тимови од 11:00 до 15:00 часот, ќе даваат прва помош и ќе делат вода на граѓаните.

Општина Центар апелира до граѓаните да ги почитуваат здравствените препораки на надлежните институции додека трае топлотниот бран.

16.07.2024 - 13:53

Редакцијата на Press24 не сноси никаква одговорност за коментарите. Бидејќи се генерираат преку Facebook за нив важат правилата и условите на социјалната мрежа

најчитано сега