Close Menu
    Најново

    ЈСП утре ќе сообраќа по неделен возен ред

    07.12.2025 во 15:36

    Уште една измама со лажна сообраќајка, 82-годишна скопјанка измамена за 170.000 денари

    07.12.2025 во 15:22

    Пронајден починат маж пред поликлиника Ченто

    07.12.2025 во 15:04
    Facebook X (Twitter) Instagram
    Актуелно
    • ЈСП утре ќе сообраќа по неделен возен ред
    • Уште една измама со лажна сообраќајка, 82-годишна скопјанка измамена за 170.000 денари
    • Пронајден починат маж пред поликлиника Ченто
    • Уапсен кумановец на меѓународниот аеродром во Скопје
    • Томовски до АКТ СДСМ: Ме клеветите – ќе Ве тижам
    • Келог: Мировниот договор за Украина е „на последните 10 метри“
    • Се заборавиле со алкохолот: Уапсени повеќе пијани возачи
    • СДСМ до ВМРО-ДПМНЕ: Сите ќе одговарате – ќе го објавиме целиот систем на лаги
    • Најново
    • Популарно
    • Facebook
    • Twitter
    • Instagram
    Press24Press24
    • Насловна
    • Македонија
      • Политика
      • Скопје
      • Црна хроника
    • Бизнис
    • Свет
      • Регион
    • Забава
    • Спорт
    • Технологија
    • Интервју
    Press24Press24
    Home » Герасимовски: Центар ќе добие 1.000 нови паркинг места

    Герасимовски: Центар ќе добие 1.000 нови паркинг места

    06.10.2025 во 21:56
    Сподели
    Facebook Twitter LinkedIn Pinterest Email

    „Со знаење, со искрена желба, со многу поддржувачи, со многу љубов и човечки однос, постигнавме многу, за да денес со чист образ и нова Програма, ја бараме поддршката за Центар што го сакаме!“. Ова вечерва го порача кандидатот за градоначалник на Општина Центар од редовите на СДСМ Горан Герасимовски.

    Тој потенцираше дека во Центар се обновуваат улиците и маалата. Со нови улици, паметно осветлување, со модерни детски игралишта, со нова урбана опрема.

    „Најавуваме модернизација на уште нови над 30 улици, пјацети и маала. Јавно се обврзуваме дека Центар мора да биде првата општина без дрвени бандери и висечки кабли. Центар ќе биде првата општина со најмногу зеленило по жител и со квалитетна содржина во маалата. Знам дека сите сакаат да бидат во Центар и сите да имаат паркинг места! Одговорно велам дека приоритет мора да имаат граѓаните на Центар. И затоа, подготвени се нови 1000 паркинг места. Го затвораме дел од Дебар Маало, за да има ред и пријатна атмосфера за сите, и за жителите и за ценетите гости“, рече Герасимовски.

    Герасимовски, изјави дека општината самата успеала да го реши проблемот со сметот благодарение на новата опрема и вредните хигиеничари.

    „Сами успевавме да ги решиме проблемите со сметот! Со нова опрема, со вредни хигиеничари, со присуство на теренот. И не оставаме на другите да решат дали ќе работат. Најавуваме уште нова опрема, цистерни и метларки, најавуваме плус хигиеничари, нови контејнери и канти. Во Центар има разлика, и мора да биде подобро и најдобро. Во Центар се правеа паркови, пјацети и оази, и немаше место за депонии. Обновуваме зеленило и ќе продолжиме. Садевме квалитетни дрвја и ќе садиме уште повеќе. Центар добива уште нови зелени оази и вистинско зеленило и хигиена“, истакна Герасимовски.

    Тој додаде и дека ќе се добие борбата против бучавата и прекршителите на мирот и редот во Центар со поставување на нови бројни и јавни мерачи на бучавата, за да конечно се искорени.

    Популарно

    ЈСП со важно соопштение до граѓаните

    05.12.2025 во 12:12

    Намалување на цените: РКЕ одлучи да ги намали надоместоците за Електродистрибуција, МЕПСО и МЕМО

    05.12.2025 во 12:02

    ВМРО-ДПМНЕ: Децата на Заев продолжуваат по истата матрица – бегаат од одговорност

    07.12.2025 во 13:22

    (ФОТО) Кузеска: Кој ќе се извинува сега Томовски?

    07.12.2025 во 11:48
    Facebook X (Twitter) Instagram
    • Насловна
    • Најново
    • Импресум
    • Маркетинг
    Њу Медиа Комјуникејшн © 2010 | сите права заштитени

    Type above and press Enter to search. Press Esc to cancel.