Close Menu
Press24
    Најново

    Филипче: Наместо за членството на Македонија во ЕУ, Мицкоски во Брисел зборува за глобалните предвидувања

    19.03.2026 во 13:58

    Акција на Деве Баир: Косовар се обидел да прошверцува стока вредна над 300.000 денари

    19.03.2026 во 13:53

    Ноќна драма на Клинички: Скопјанец „дивеел“ на Кардиологија

    19.03.2026 во 13:44
    Facebook X (Twitter) Instagram
    • Филипче: Наместо за членството на Македонија во ЕУ, Мицкоски во Брисел зборува за глобалните предвидувања
    • Акција на Деве Баир: Косовар се обидел да прошверцува стока вредна над 300.000 денари
    • Ноќна драма на Клинички: Скопјанец „дивеел“ на Кардиологија
    • Дрога пронајдена во затворската амбуланта во Идризово
    • Трагедија ја потресе Македонија: 24-годишник починал на гости кај својот другар
    • Хаос во струмички „Комуналец“: Екс-директор си исплаќал пари за одмори, во 47 наврати го оштетил буџетот за над еден милион денари
    • Вучиќ ги смирува граѓаните: Не паничете
    • Нов почеток за жртвите на насилство: Скопје доби нов шелтер-центар, локацијата се чува во тајност
    • Најново
    • Популарно
    • Маркетинг
    • Импресум
    Facebook Instagram TikTok
    Press24Press24
    • Насловна
    • Македонија
      • Политика
      • Скопје
      • Црна хроника
    • Бизнис
    • Свет
      • Регион
    • Забава
    • Спорт
    • Технологија
    • Интервју
    Press24
    Home » Герасимовски: Бесплатни стоматолошки прегледи за децата и пензионерите

    Герасимовски: Бесплатни стоматолошки прегледи за децата и пензионерите

    19.03.2026 во 12:122 Mins Read
    Сподели
    Facebook Twitter LinkedIn Pinterest Email

    По повод 20 март – Светскиот ден на оралното здравје, Општина Центар континуирано реализира бесплатни стоматолошки прегледи за деца од предучилишна и училишна возраст, како и за пензионерите, како дел од посветеноста на превенцијата и унапредувањето на оралното здравје.

    Во таа насока, беше одржан работен состанок со Проф. д-р Соња Апостолска, декан на Стоматолошкиот факултет при Универзитетот „Св. Кирил и Методиј“ – Скопје, на кој беше потпишан Меморандум за соработка. Со овој документ се зајакнува партнерството и се отвораат можности за реализација на нови заеднички проекти.

    На средбата присуствуваа и Проф. д-р Елизабета Ѓеоргиевска, раководител на Катедрата за детска и превентивна стоматологија, како и Проф. д-р Гордана Апостолска.

    Грижата за оралното здравје започнува од најрана возраст и претставува важен сегмент од целокупното здравје на граѓаните.

    Во рамки на Програмата за образование се спроведува проектот „Дејствувај за подобро орално здравје“, преку кој учениците од прво одделение од сите основни училишта во Центар се едуцираат за правилно четкање на забите и одржување на оралната хигиена.

    Во рамки на Програмата за социјална и здравствена заштита и заштита на деца се реализира проектот „Унапредување на оралното здравје кај деца од предучилишна и училишна возраст, граѓани од социјално загрозени семејства и корисници на пензија“, преку кој се обезбедуваат бесплатни стоматолошки прегледи и грижа за најранливите категории граѓани.

    Општина Центар останува посветена на унапредување на здравјето на граѓаните преку континуирани активности, едукација и силни партнерства со релевантни институции.

    Популарно

    Романија итно испрати два борбени авиони Ф-16, упатено е предупредување до населението

    17.03.2026 во 22:44

    Рекорд без него нема да биде исто место – Чичко Драги ќе биде погребан утре

    18.03.2026 во 09:17

    Иран го нападна Израел со над 100 ракети – одмазда за убиството на Лариџани

    18.03.2026 во 10:41

    Лажен продавач на мебел „олесни“ тетовчанка за 550 евра: Внимавајте со кого се договарате

    17.03.2026 во 23:29
    Facebook X (Twitter) Instagram
    • Насловна
    • Најново
    • Импресум
    • Маркетинг
    Њу Медиа Комјуникејшн © 2010 | сите права заштитени

    Type above and press Enter to search. Press Esc to cancel.