Герасимовски: Акциите на зелениот пазар ќе продолжат се додека не се тргнат дивите препродавачи

Градоначалникот на Општина Центар Горан Герасимовски гостуваше во „Утринска на Телма“ каде зборуваше за акцијата на Зелениот пазар кој општината ја спроведува веќе една недела. Станува збор за спроведување на акција со поддршка од министерството за внатрешни работи преку која се расчистуваат узурпираните површини од дивите препродавачи.

„Почнувајќи од минатата недела веќе осми ден сме во акција за целосно да ги отстраниме дивите препродавачи. Општината добива голем број поплаки од жителите во тој дел, особено во делот на хигиената, уништување на зеленилото, узурпирање на јавниот дури и на подземниот простор, а исто така има и чести напади на жители во реонот. Заради овие проблеми акциите ќе продолжат се додека не се сменат навиките. Дополнително имавме и средба со директорите на Скопски пазар. Има барање до нас за реконструкција на пазарот и при овој разговор бидејќи имаат обезбедување да ни се вклучат во акцијата и ни помогнат да ги отстраниме дивите препродавачи“, изјави Герасимовски на Телма.

Состојбата со Зелениот пазар и дивите препродавачи беше тема и на средбите со граѓани кои градоначалникот Герасимовски ги организираше во неколку населби. На средбите жителите околу Зелениот пазар, јасно кажаа за какви проблеми станува збор поради што побараа сериозен пристап за нивно решавање. Општина Центар и во наредниот период ќе продолжи со проведување на овие акции.

13.02.2023 - 11:37

 

 

 

 

 

 

 

Редакцијата на Press24 не сноси никаква одговорност за коментарите. Бидејќи се генерираат преку Facebook за нив важат правилата и условите на социјалната мрежа

најчитано сега