Close Menu
    Најново

    Меѓународната федерација за дијабетес го призна дијабетесот тип 5

    30.12.2025 во 23:21

    Запалено игралиште за баскет во Радишани

    30.12.2025 во 23:05

    По 9 години Мел Гибсон се разведува од сопругата

    30.12.2025 во 22:53
    Facebook X (Twitter) Instagram
    Актуелно
    • Меѓународната федерација за дијабетес го призна дијабетесот тип 5
    • Запалено игралиште за баскет во Радишани
    • По 9 години Мел Гибсон се разведува од сопругата
    • Две лица се повредени во сообраќајката Кочани – Штип
    • Поради сообраќајна незгода во прекин сообраќајот на патот Кочани – Штип
    • На 35 години почина внуката на Џон Кенеди
    • Шефот на украинската војска за Западот: Ние повеќе никого не молиме, сега тие доаѓаат кај нас
    • Тажна вест: Почина познат скопјанец – познат по својата хуманост и добрина
    • Најново
    • Популарно
    • Facebook
    • Twitter
    • Instagram
    Press24Press24
    • Насловна
    • Македонија
      • Политика
      • Скопје
      • Црна хроника
    • Бизнис
    • Свет
      • Регион
    • Забава
    • Спорт
    • Технологија
    • Интервју
    Press24Press24
    Home » Герапетритис: Треба да се забрза патот на Западен Балкан кон ЕУ, Грција ќе се погрижи за тоа со низа иницијативи

    Герапетритис: Треба да се забрза патот на Западен Балкан кон ЕУ, Грција ќе се погрижи за тоа со низа иницијативи

    22.10.2025 во 20:32
    Сподели
    Facebook Twitter LinkedIn Pinterest Email

    Патот на Западен Балкан кон европското семејство треба да се забрза, а Грција ќе се погрижи во оваа насока со низа иницијативи, порача министерот за надворешни работи на Грција, Јоргос Герапетритис во изјава за државната телевизија ЕРТ по учеството на Самитот на Берлинскиот процес во Лондон, јави дописничката на МИА од Атина.

    Шефот на грчката дипломатија истакна дека Берлинскиот процес е „исклучително важен форум, што се однесува на иднината на Западен Балкан и иднината на самата Европа“, а уште еднаш ја повтори поддршката на Грција, велејќи дека земјата отсекогаш била предводник на процесот на евроинтеграција на Западен Балкан, „а денес повеќе од кога било е во првите редови на иницијативите“

    – Западен Балкан, што во моментов е на пат кон Европската Унија, треба да забрза. Но и Европската Унија ќе треба да направи сè што е во нејзини раце за регионот да стане место на мир и просперитет. А за да се случи тоа, единствениот сигурен пат е европското семејство. Тоа е неопходност, што станува сè поочигледна денес, со толку предизвици, со големи бранови на универзални проблеми, кои нè погодуваат, со национализмите, кои се развиваат. Патот кон европското семејство треба да се забрза. И Грција ќе се погрижи во оваа насока со низа иницијативи, нагласи Герапетритис.

    Дополнително посочи дека разговарале и за миграцијата и за безбедносните предизвици, не само за физичката безбедност, туку и за хибридните закани и додаде дека постои криза со храна, климатска криза, здравствени кризи, но и дека „моментално се наоѓаме во исклучително тешка состојба со повеќекратни предизвици“.

    – Она што секојдневно го констатираме е дека кризите, од национални или регионални, стануваат сè повеќе глобални, а проблемите од локални или регионални сè почесто стануваат геополитички. Оваа трансформација создава уште поголема сложеност во меѓудржавните односи. Единственото решение што би го зајакнало просперитетот во регионот, со поголема придобивка за повеќемина, поголема конвергенција меѓу народите и државите, би била интеграцијата, патот на Западен Балкан кон европското семејство. Делиме заеднички предизвици, имаме големи заеднички проблеми и треба заедно да се справиме со нив, порача Герапетритис.

    Како што претходно објави МИА, на маргините на Самитот на Берлинскиот процес за Западен Балкан, министерот за надворешни работи на Грција имал неколку средби меѓу кои и со премиерот Христијан Мицкоски.

    Од Министерството за надворешни работи на Грција на Икс објавија фотографии на Герапетритис со премиерите на Македонија и Косово Христијан Мицкоски и Албин Курти, со генералниот секретар на Регионалниот совет за соработка Амер Капетановиќ и со генералниот секретар на ОБСЕ, Феридун Синирлиоглу. 

    Популарно

    Тажна вест: Почина познат скопјанец – познат по својата хуманост и добрина

    30.12.2025 во 21:35

    Важно соопштение за пензионерите: Познато кога ќе им бидат пуштени пензиите

    30.12.2025 во 10:50

    Шефот на украинската војска за Западот: Ние повеќе никого не молиме, сега тие доаѓаат кај нас

    30.12.2025 во 21:53

    Калајџиев: Си играте играчки – ѕидот на срамот е импровизација

    30.12.2025 во 21:24
    Facebook X (Twitter) Instagram
    • Насловна
    • Најново
    • Импресум
    • Маркетинг
    Њу Медиа Комјуникејшн © 2010 | сите права заштитени

    Type above and press Enter to search. Press Esc to cancel.