Билатералните односи, случувањата на Блискиот Исток и Газа, но и улогата на Грција во Источниот Медитеран, биле темите за кои телефонски разговарале министерот за надворешни работи на Грција Јоргос Герапетритис и американскиот државен секретар Марко Рубио, јави дописничката на МИА од Атина.

Како што информираа од Министерството за надворешни работи на Грција преку Икс дискусијата се фокусирала на одличните грчко – американски односи и на подготовките за шестиот стратешкиот дијалог меѓу двете земји што треба да се одржи во Атина.

– Беа опфатени и меѓународните и регионалните случувања во поширокиот регион на Блискиот Исток, вклучително и ситуацијата во Газа. Министерот за надворешни работи Герапетритис ја реафирмираше посветеноста на Грција за активно промовирање на мирот и стабилноста во Источниот Медитеран, информираа од грчкото МНР.Герапетритис и Рубио телефонски разговарале за билатералните односи и ситуацијата на Блискиот Исток

Exit mobile version