Партнерката на познатиот фудбалер Кристијано Роналдо, Георгина Родригез, привремено го напушти Ријад поради моменталната криза на Блискиот Исток и отпатува со своите деца во Шпанија.
Георгина Родригез го напушти нивниот дом во Ријад, Саудиска Арабија, и со децата отпатува со приватен авион за Мадрид, што го сподели на социјалните мрежи.
Се верува дека нејзиното привремено отсуство од Саудиска Арабија, каде што Роналдо игра за Ал Наср, е предизвикано од растечките немири на Блискиот Исток.
Имено, Родригез одлучи да се држи подалеку од јавни настани и озборувања, а сподели фотографија од црквата во својата приказна на Инстаграм.

