Георгиевски: Не го менувам ставот за Бугарија, имам три државјанства, може да ме протераат од Македонија

 

Eкс-премиерот Љубчо Георгивски смета дека да се зборува против Бугарија „е најстариот популизам во Македонија“, а македонската страна им простила пет века ропство на Турција и 30- години окупација на Србија. Тој во интервју за А1.Он, изјавува дека Македонија треба да се сменат учебниците во кои Бугарите се нарекуваат окупатори, номади, фашисти.

Геориевски вели дека Македонија треба да престане со антибугарско расположение бидејќи „Бугарија била најголемиот поддржувач на Македонија, особено во 19 век. Наспроти ова, според него, треба да и се оддаде почит и признание на Бугарија.

-Факт е дека секој ранет комита од Македонија одел на лечење во Бугарија. Секој кој бил гонет се криел во Бугарија, 90 проценти од оружјето доаѓало од Бугарија, обуките биле таму во Бугарија. Таа поврзаност Бугарија- Македонија била многу јака, што е проблемот да ја признаеме. Триесет години го зборувам ова. Ако ги утврдевме пријателските места немаше да дојдеме до ова, ако секој политичар градеше по еден чекор, ниту ќе имавме обврски, ниту ќе ја имавме оваа шокова терапија, вели Георгиевски во интервју за А1он.

Во интервјуто вели дека стои зад своите ставови и не му било проблем политичари да покренат иницијатива за негово протерување од државата.

Вели дека има три државјанства – македонско, бугарско и едно за кое не кажува од која земја е.

Целото интервју можете да го погледнете на А1Он.

 

 

 

Добивајте вести на Viber

02.03.2021 - 19:59

 

 

 

 

 

 

 

Редакцијата на Press24 не сноси никаква одговорност за коментарите. Бидејќи се генерираат преку Facebook за нив важат правилата и условите на социјалната мрежа

најчитано сега