Георгиевска: И во време на пандемија се реализираат странски инвестиции

И во време на светска пандемија, тековно се одвива процесот на реализација на странските директни инвестиции во нашата економија, истакна денеска на прес-конференција во партиското седиште пратеничката од СДСМ, Марија Георгиевска.

Вели дека компанијата „ВИК (WIK) Македонија“ добила државна поддршка за вториот инвестициски проект на компанијата во технолошко-индустриската развојна зона Прилеп.

 -Станува збор за инвестиција во вредност од 2,5 милиони евра со која е предвидено да се вработат нови 100 лица. Претходно, оваа компанија со седиште во Сојузна Република Германија инвестираше 10,5 милиони евра а во производствените погони веќе работат 250 лица. Ова, почитувани е препознавање на позитивната и стабилна клима за инвестирање што ја гради Владата предводена од СДСМ, препознавање на предностите од членството во НАТО и забрзаниот процес на интеграција во ЕУ, рече Георгиевска.

Вели дека доказ за тоа било што најголем дел од странските инвестиции доаѓаат токму од земји членки на ЕУ, каде предничат Германија, Велика Британија и Грција.

 -Со членството во НАТО, со процесот на отворање на преговори за членство во ЕУ, Република Северна Македонија станува атрактивна дестинација за сериозни странски инвестиции. Во период кога се уште се соочуваме со економски предизвици поради коронакризата, Владата предводена од СДСМ продолжува со реализација на мерки и политики кои создаваат позитивна, стабилна и предвидлива бизнис клима и градење на нова, развојна македонска економија. Продолжуваме да работиме уште повеќе, за да биде уште подобро за нашата економија, за нашите граѓани, рече пратеничката.

 

 

 

Добивајте вести на Viber

26.09.2020 - 12:01

 

 

 

 

 

 

 

Редакцијата на Press24 не сноси никаква одговорност за коментарите. Бидејќи се генерираат преку Facebook за нив важат правилата и условите на социјалната мрежа