Close Menu
    Најново

    Дарежлив гест на Тејлор Свифт: Донираше милиони пред празниците на хуманитарни организации

    24.12.2025 во 23:30

    Утре се празнува Свети Спиридон Чудотворец, епископ Тримифунтски

    24.12.2025 во 23:19

    Хороскоп за 25. декември: Тивка сила и сигурни чекори напред

    24.12.2025 во 23:06
    Facebook X (Twitter) Instagram
    Актуелно
    • Дарежлив гест на Тејлор Свифт: Донираше милиони пред празниците на хуманитарни организации
    • Утре се празнува Свети Спиридон Чудотворец, епископ Тримифунтски
    • Хороскоп за 25. декември: Тивка сила и сигурни чекори напред
    • Над еден милион нови документи поврзани со случајот Епштајн
    • Макрон го најави PA-NG – новиот симбол на француската морска моќ
    • Дел од Центар утре без вода за пиење
    • Орбан во божиќното интервју: ЕУ се распаѓа – се движи кон војна
    • Русија ја блокира WhatsApp: Дали граѓаните ја губат приватноста?
    • Најново
    • Популарно
    • Facebook
    • Twitter
    • Instagram
    Press24Press24
    • Насловна
    • Македонија
      • Политика
      • Скопје
      • Црна хроника
    • Бизнис
    • Свет
      • Регион
    • Забава
    • Спорт
    • Технологија
    • Интервју
    Press24Press24
    Home » Генерацијата „З“ откри трикови како секогаш да изгледате зафатено во канцеларија

    Генерацијата „З“ откри трикови како секогаш да изгледате зафатено во канцеларија

    01.04.2025 во 09:33
    Сподели
    Facebook Twitter LinkedIn Pinterest Email

    Додека работодавачите сè повеќе ги спроведуваат правилата за хибридна работа, барајќи од вработените да се вратат во канцеларијата, генерацијата „З“ (родена помеѓу 1997 и 2012 година) се соочува со дилема: како да изгледа доволно зафатено за да го смири секогаш присутниот шеф.

    Пред околу триесет години, Џорџ Костанца од Сајнфелд имаше теорија: „Секогаш изгледај нервозно“. На тој начин, како што рече, „сите ќе мислат дека сте премногу зафатени“. Денес, оваа изведба на привидна продуктивност се нарекува нешто друго. Генерацијата „З“ денес тоа го нарекува “taskmasking” или во буквален превод „маскирање на задачи“, пренесува „Гардијан“.

    Таканареченото “taskmasking” се однесува на личност која се труди да изгледа дека работи напорно, иако не е така. Еден пример за тоа е брзо одење низ канцеларијата со лаптоп во рака. Друг пример е гласно типкање, како вработен во шалтер кој има лош ден, иако тоа што го пишувате нема никаква врска со работата.

    Овој тренд, популаризиран на „Тик-ток“, но сè позабележителен меѓу менаџерите и професионалците за човечки ресурси, се појави паралелно со новите правила за задолжително враќање во канцелариите. Многу млади канцелариски работници пораснаа за време на пандемијата, кога работата од дома беше неопходност. За многумина од нив ова е првпат да патуваат на работа секој ден и да работат по однапред определен распоред, наместо да ги извршуваат задачите самостојно, во приватноста на својот дом. Сега, опкружени со колеги и претпоставени, тие мора да научат визуелно да ја соопштуваат својата „зафатеност“.

    Во 2019 година, новинаркатз Ен Хелен Петерсен опиша сличен феномен, нарекувајќи го „LARPing your own job“, што би значело на некој начин играње на улоги во живо.

    „Можете да ја ‘ларпирате’ вашата работа лично (со одржување бескрајни состаноци, пристигнување рано и останување подолго за да оставите впечаток на „присуство“) или дигитално (со испраќање куп мејлови, постојано разговарање на Слек или слични платформи)“, напиша Петерсен.

    Габриел Џаџ, 28-годишна авторка и инфлуенсерка, која претходно работела во ИТ секторот, се присети како таа и нејзините колеги глумеле зафатени во канцеларијата.

    „Луѓето изгледаа преморени кога всушност само одеа на ручек или носеа „ЕрПодс“ цел ден за да изгледаат како да се на состаноци цело време“, вели Џаџ. „Многумина само зјапаа во екранот со многу сериозни изрази на нивните лица“, додаде таа.

    Дури и паузите за кафе или разговорот на дозерот за вода може да се сметаат за маскирање на задачи ако се разговара за работата.

    „Самото започнување разговор со некого прави да изгледате зафатено“, додава Џаџ.

    Маскирањето задачи се чини дека постои извесно време, особено затоа што повеќе работници ги препуштаат рутинските задачи на вештачката интелигенција, оставајќи си време за гласни разговори кај дозерот за вода и лажно пишување. Сепак, шефовите можеби имаат претчувство за тоа што се случува: истражувањето од 2021 година покажа дека 80 проценти од компаниите ги следат своите вработени од далечина или во хибриден модел, користејќи софтвер за следење на активностите, локацијата и пишувањето.

    Засега, маскирањето задачи останува начин вработените да се обидат да задржат барем одредена контрола.

    „Генерацијата З заврши средно училиште и факултет од далечина, доживеа многу важни моменти дома, па идејата дека може да се работи само во канцеларија е сосема туѓа за нив“, вели Џаџ.

    „Маскирањето задачи е резултат на горчина и фрустрација поради сето ова. Мислам дека испраќа порака до работодавците: колку ви е важно што сме сите заедно?“, заклучи таа.

    Популарно

    Подгответе се за снег и студ: УХМР со најнова прогноза

    23.12.2025 во 17:58

    Грета Тунберг уапсена во Лондон

    23.12.2025 во 17:39

    По дождот и снегот следува голем пресврт на времето: УХМР со најнова прогноза

    24.12.2025 во 11:59

    Поларен студ ја зафаќа Македонија: Силен северен ветер и температури до -10 степени

    24.12.2025 во 19:38
    Facebook X (Twitter) Instagram
    • Насловна
    • Најново
    • Импресум
    • Маркетинг
    Њу Медиа Комјуникејшн © 2010 | сите права заштитени

    Type above and press Enter to search. Press Esc to cancel.