Генчовска: Петков планираше да се откаже од негирањето на македонскиот јазик

Бугарските пратеници од опозицијата го нападнаа премиерот Кирил Петков дека сака да изврши „предавство“ и да го тргне ветото за Македонија за почеток на преговори со Европската унија.

Министерката за надворешни работи во оставка Теодора Генчовска на отворената седница на Народното собрание призна дека Петков планирал да се откаже од негирањето на македонскиот јазик.

„Нацртот на нова Рамковна позиција не го вклучува бугарскиот став за т.н. македонски јазик. Барањето за европски гаранции во однос на Договорот од 2007 година станува неодржливо. Практично, овој проект ги комбинира парцијалнилте идеи на МНР, но министерството реши дека документот е погрешен и го отфрли“, открива Генчовска.

15.06.2022 - 14:56

 

 

 

 

 

 

 

Редакцијата на Press24 не сноси никаква одговорност за коментарите. Бидејќи се генерираат преку Facebook за нив важат правилата и условите на социјалната мрежа

најчитано сега