Гејтс: Дружењето со педофилот Епштајн ми беше огромна грешка

Бил Гејтс признал дека било огромна грешка што се дружел со осудениот педофил Џефри Епштајн и открил дека биле заедно на неколку вечери.

Во интервју за Си -Ен -Ен, Гејтс исто така призна дека бил многу тажен по разводот од сопругата Мелинда, а една од главните причини за разводот била неговата поврзаност со Епштајн.

Пријателскиот однос помеѓу Гејтс и Епштајн датира од 2011 година, кога Епштајн платил во Фондацијата Гејтс, но поради тоа, Гејтс жестоко се скарал со својата сопруга. Мелинда била бесна на неговата поврзаност со педофилот и рекла дека не сака ништо да има со него. Таа ангажирала адвокати за развод во 2019 година, кога средбите на Гејтс со Епштајн излегле во јавност.

Гејтс неколку пати го посетил Епштајн во неговата куќа, па дури и разговарал со него за неговиот брак, кога Епштајн го советувал да се разведе. Гејтс за Си -ен -ен изјавил дека и тој бил загрижен за Епштајн, кој се изјаснил за виновен и бил осуден во 2008 година за проституција со малолетници, години пред да го сретне Гејтс.

"Бев со него на неколку вечери со надеж дека ќе обезбеди милиони за филантропската организација поврзана со глобалното здравје преку неговите контакти. Кога видов дека ништо од ова нема да се случи, нашето дружење заврши. Беше голема грешка да го поминам времето со него и што му дадов важност. Имаше и други во слична ситуација, но јас згрешив “, нагласил Гејтс.

Неговиот портпарол рече дека Гејтс немал апсолутно никаква деловна врска или пријателство со Епштајн и дека нивните состаноци се исклучиво поврзани со филантропија. Презентерот на Си -Ен -Ен го прашал Гејтс дали жали за неодамнешните написи дека се однесувал лошо на работното место, но Гејтс не одговорил конкретно.

"Сигурно на сите им е жал, но време е да размислат и во овој момент морам да продолжам напред. Мојата работа ми е многу важна, и како семејство ќе постапуваме најдобро што можеме и ќе научиме нешто од овие настани", заклучил Гејтс.

 

05.08.2021 - 23:04

 

 

 

 

 

 

 

Редакцијата на Press24 не сноси никаква одговорност за коментарите. Бидејќи се генерираат преку Facebook за нив важат правилата и условите на социјалната мрежа