Гејмер од Измир го фати земјотресот додека играше во живо, снимката е застрашувачка

Разорниот земјотрес кој денеска ги погоди Грција и Турција е фатен во живо за време на пренос на еден гејмер и изгледа застрашувачки.

Потресот со магнитуда од 7 степени според Рихтер се случи во 11:50 часот по локално време во Егејското море. Се почувствува и до Истанбул, а во Измир срушени се 20 згради.

Снимката од потресот за време на стрим веднаш стана вирална на Твитер.

На снимката која трае околу половина минути се гледа како собата почнува да се тресе и тоа со сѐ позасилен интензитет. Стримерот веднаш почна да паничи, а на снимката се слуша и лаење на куче.

 

 

 

Добивајте вести на Viber

30.10.2020 - 21:42

 

 

 

 

 

 

 

Редакцијата на Press24 не сноси никаква одговорност за коментарите. Бидејќи се генерираат преку Facebook за нив важат правилата и условите на социјалната мрежа

најчитано сега