Дејан Јованов – Деко, сопственикот на дискотеката „Пулс“ во Кочани и првообвинет во судскиот процес за пожарот во кој загинаа 63 лица, понудил недвижен имот како гаранција доколку му биде укинат притворот, објави „Слободен печат“.

Според информациите, вредноста на понудениот имот е околу 200.000 евра. Во гаранцијата е опфатен недвижниот имот запишан на име на Јованов, како и имот во сопственост на член на неговото семејство.

Со гаранцијата, Јованов би требало да го увери судот дека ќе биде достапен во текот на судската постапка и дека нема да го избегнува судењето.

Притворот, според досегашните информации од постапката, му истекува на 3 октомври, кога се навршува една година од неговото траење.

Неговата адвокатка Ивана Коцевска претходно најави дека одбраната ќе предложи гаранција во имот, заедно со мерки на претпазливост.

Exit mobile version