„Гаспром“ ја намали испораката на гас за Германија за 60 отсто во два дена

 

Руската компанија „Гаспром“ денеска рано наутро почна да го намалува количеството на гас што го испорачува за Германија преку гасоводот Северен тек 1, на дневна максимална количина од 67 милиони кубни метри.

Намалувањето на снабдувањето со гас доаѓа откако компанијата најави дека ќе го намали максималниот износ на испорачаниот гас од 167 милиони кубни метри дневно на 100 милиони кубни метри. Со последното намалување, компанијата за два дена ја намали количината на гас во Германија за околу 60 отсто, а Северен тек 1 е главниот гасовод што доставува руски гас во таа земја.

Германскиот министер за економија, Роберт Хабек, ја обвини Русија дека се обидува да создаде непријатност и потег за зголемување на цените на гасот, но додаде дека Германија сè уште може да обезбеди алтернативни залихи на гас, иако по повисока цена. Германските складишта за гас во моментот се исполнети на 56 проценти.

Руската компанија „Гаспром“, која е во мнозинска државна сопственост, рече дека прекините во снабдувањето со гас биле предизвикани од поправки на единицата за компресија на гас, иако тврдењето беше оспорено од германската федерална агенција.

16.06.2022 - 11:18

 

 

 

 

 

 

 

Редакцијата на Press24 не сноси никаква одговорност за коментарите. Бидејќи се генерираат преку Facebook за нив важат правилата и условите на социјалната мрежа

најчитано сега