Претседателот на Собранието на Република Северна Македонија, Африм Гаши, на денешната средба со амбасадорот на Република Австрија ги истакна пријателските односи помеѓу двете земји и се заблагодари за подршката на Австрија на интегративниот пат на нашата земја во Европската Унија.
Амбасадорот Памер, во контекст на одличните односи помеѓу двете држави, го информираше претседателот за проект кој ќе го унапреди културното поврзување меѓу двете држави. Амбасадор истакна дека за вакви големи проекти е потребна поддршка од највисоките институции, вклучително и од Собранието.
Претседателот истакна дека ги поддржуваа проектите кои ја унапредуваат соработката и ги продлабочуваат односите на билатерално ниво и оттука Собранието е на располагање да го поддржи проектот.
Соговорниците разменија мислења и за актуелните политички случувања кај нас и во светот, како и за процесот на европската интеграција.
- Сијарто дециден: Унгарија нема да купува поскапа нафта само за да му угоди на Западот
- CNN: Иран се соочува со токсичен „коктел“ по нападите врз нафтените складишта
- Експлозии среде Техеран: Нападнат државен митинг, Иран најави сурова одмазда
- Пленковиќ алармира: Новото кинеско оружје на Србија е прашање со кое мора да се занимава НАТО
- Вучиќ најави масовно вооружување: Србија купува нови ракети и воена опрема
- САД подготвени за масовен удар: „Трамп ги држи сите карти во свои раце“, тврди Хегсет
- Лов на „глави“: САД нудат 10 милиони долари за информации за Мојтаба Хамнеи
- Нафтата „лета“ во небо: Цената на барелот надмина 102 долари

