Претседателот на Собранието изрази оптимизам дека долгогодишниот проблем со паркирањето околу законодавниот дом ќе биде решен до крајот на 2026 година. Веќе е објавена постапка за партерно уредување на катната гаража.
„Процедурата трае 30 дена. Ако сѐ биде во ред, очекуваме во мај да почнат работите на терен, а до крајот на годината објектот да биде во функција“, информираше Гаши.
На кадровски план, тој соопшти дека еден член за Судскиот совет е повлечен бидејќи комисијата констатирала дека не ги исполнува условите, поради што ќе биде распишан нов конкурс. Исто така, на 8 април се очекува пратениците да одлучуваат за новите вицегувернери, додека предлог за нов уставен судија сѐ уште не е пристигнат.

