Претседателот на Собранието, Африм Гаши, денеска на Фејсбук објави дека во Аланија, Турција, ја добил Глобалната награда за дипломатија од Глобалниот совет за новинарство (GJC).

Наградата му била врачена од Мевлут Чавушоглу, актуелен пратеник и поранешен турски министер за надворешни работи, на „извонредна церемонија и во топла пријателска атмосфера“.

Гаши истакна дека оваа награда е признание за посветеноста на Собранието на Република Северна Македонија за зајакнување на:

  • Парламентарната дипломатија
  • Транспарентноста
  • Одговорноста

Тој нагласи дека наградата го потсетува оти вистинската дипломатија се гради врз почит, разбирање и отворен дијалог, особено во време кога брзината на информациите често ја губи правичноста.

Exit mobile version