ГАК: Ниту еднаш не дошла на преглед пациентката која сега дава неточна изјава поврзана со исчезнување на бебе
Од ЈЗУ ГАК испратија демант до нашата редакција во кој се наведува дека „во изминатата година ниту еднаш не дошла на преглед пациентката која сега дава неточна изјава поврзана со исчезнување на бебе“.
Во продолжение демантот Ви го пренесуваме во целост:
„Демант на текст објавен во порталот Пресс 24 на 24.11.2024 со наслов ,,Исчезнато е бебе на Клиниката за гинекологија и акушерство,, ЈЗУ У Клиника за гинекологија и акушерство најостро реагира и го демантира насловот на овој текст кој понатаму во првата своја теченица и сам се демантира бидејки во истата се вели дека ,,на детската клиника исчезнало бебето,,
Клиниката за гинекологија и акушерство - Скопје демантира се што понатаму произлегува од насловот. На клиниката во текот на 2023 година ниту еднаш не дошла на преглед пациентката која сега дава неточна изјава поврзана со исчезнување на бебе, а вие ја пренесувате. ГАК е јавна здравствена установа и недозволиво и незамисливо е да се шират во јавноста невистини со цел да се создаде недоверба и паника кај сите корисници на нашите услуги. Доколку е потребно соодветни институции ќе ја испитаат изјавата на жената која дала таква изјава, а клиниката ќе преземе правни постапки против секој кој ќе го наруши угледот на институцијата, како и паниката која се создаде помеѓу граѓаните. Ве молиме Демантот да биде објавен веднаш на вашиот портал под содржината на текстот кој стe го објавиле со оглед на сензитивноста на темата.
Со почит,
ЈЗУ У ГАК“
Редакцијата на Press24 не сноси никаква одговорност за коментарите. Бидејќи се генерираат преку Facebook за нив важат правилата и условите на социјалната мрежа