Фудбалер убиен со шест куршуми среде натпревар

Страшни вести доаѓаат од Мексико. На пријателски натпревар меѓу аматерски клубови во градот Куаутла, убиен е фудбалерот Серхио Алберто Хауреги (31).

Кога фудбалерот се приближил до клупата за резервни играчи, непознат напаѓач му пришол и испукал шест куршуми во него.

Хауреги паднал на земја и набргу починал, а убиецот избегал со мотор кој го чекал пред стадионот. Брзата помош не можела да пристигне навреме за да му помогне на фудбалерот, додека полицијата сѐ уште трага по убиецот кој пукал во спортистот.

„Жалиме за смртта на нашиот поранешен играч и капитен Серхио Хауреги, кој ги бранеше боите на нашиот тим. Изразуваме длабоко сочувство до неговото семејство“, соопштија од поранешниот клуб на убиениот фудбалер.

Серхио Алберто Хауреги беше боливиски фудбалер кој со години ја градеше својата професионална кариера како дефанзивец, а беше и капитен на мексиканскиот клуб.

 

 

01.02.2024 - 21:35

 

 

 

 

 

 

 

Редакцијата на Press24 не сноси никаква одговорност за коментарите. Бидејќи се генерираат преку Facebook за нив важат правилата и условите на социјалната мрежа

најчитано сега