Фросина Ременски поднесе кандидатура за претседател на СДСМ
Поранешната потпретседателка на партијата, Фросина Ременски поднесе кандидатура за претседател на СДСМ.
-Очекувам во следниот период согласно Роковникот и надлежностите на Централната изборна комисија на СДСМ да се утврдат кандидатите со што би почнале активностите за претставување на кандидатите пред членовите, симпатизерите и активистите на СДСМ. На оваа одлука се одлучив имајќи го предвид целокупниот мој досегашен општествено-политички и партиски активизам во денови и во време кога СДСМ беше соочен со тешка опозициска состојба, кога носеше сериозни државотворни одлуки и кога се боревме да го задржиме единството во партијата, рече Ременски на прес-конференција пред партиското седиште.
Рече дека очекува поддршка од жените во партијата и од сите членови кои го знаат нејзиниот карактер.
Партијата на 12-ти декември ќе го избира новиот претседател, откако лидерот Зоран Заев поднесе оставка од функцијата по поразот на локалните избори.
Според статутот на СДСМ за претседател може да се кандидра секој член со најмалку пет години работа во партијата и со поминат најмалку еден мандат како член на Централниот одбор со право на глас.
Рокот за поднесување кандидатури истекува во петок.
Редакцијата на Press24 не сноси никаква одговорност за коментарите. Бидејќи се генерираат преку Facebook за нив важат правилата и условите на социјалната мрежа