На 31.05.2026 во 19:45 часот во с.Долно Палчиште, полициски службеници од СВР Тетово го лишија од слобода Е.С.(21) од с.Боговиње.

Откако ги забележал полициските службеници тој фрлил кесичка со марихуана, која е пронајдена и одземена.

Лицето е задржано во полициска станица и по целосно документирање на случајот, против него ќе следува соодветен поднесок.

Exit mobile version