Премиерката на Данска, Мете Фредериксен денеска повтори дека Гренланд не е на продажба, потенцирајќи дека очекува од сојузниците да го почитуваат данскиот суверенитет.

Нејзината изјава уследи откако американскиот претседател Доналд Трамп, на средбата со турскиот колега Реџеп Тајип Ердоган во Анкара, пред Самитот на НАТО, изјави дека Гренланд треба да биде под контрола на САД, а не на Данска.

Според Трамп „Данска не троши пари за вистински да му помогне“ на Гренланд, а островот „за САД е многу важен“, бидејќи е „опкружен со кинески и руски бродови“.

– Со Гренланд би требало да управуваат САД, а не Данска. Би можеле да ги повлечеме сите свои војници од Европа. Подобро би им било да внимаваат, истакна Трамп.

Барањето на Трамп, САД да воспостават контрола над автономната данска територија Гренланд предизвика тензии помеѓу Вашингтон и Копенхаген, во НАТО и во Европа.

Exit mobile version