Владата на Христијан Мицкоски самата е корупција, а граѓаните на крај ја плаќаат цената, рече Јон Фрчкоски, член на Извршниот одбор на СДСМ, во дебатата на ТВ 21.
„Имате влада која што е инволвирана во два типа на скандали. Прво, една тендерска шема која што многу пати ја зборуваме јавно. Јавните 161 тендер фирма која што во јавноста се поврзува со актуелен директор од владата. Фирма која што има двајца вработени и добија едно 9 милиони евра граѓански пари. Имате фирма која што постои неколку месеци и добива 5 милиони евра. 77 тендери за една од омилените фирми на ВМРО, која што испадна дека нејзин сопствен бил поранен што член на ВМРО. Понатаму имате 54 тендери за друга фирма, унгарски пари, кредит, за да можат сето тоа да го сервисираат и да го свртат. Понатаму, објавивме нешто можеби и многу посериозно и го аргументиравме за октопод во енергетиката. Имате инсталација во три институции, РЕК, Развојната банка, понатаму последно Регулаторната комисија за енергетика, Конзул почесен во Србија, кој што според нас е дел од таа мрежа. “ рече Фрчкоски.
Наместо одговори за овие скандали, ВМРО-ДПМНЕ, секојдневно се служи со дефокус, пропаганда, лични напади и најгнасни навреди, рече Фрчкоски.
„Една година се бават со ефтина пропаганда, со најгнасен наратив, а криминал и корупција има на секој чекор“, порача Фрчкоски.
Фрчкоски посочи дека граѓаните денес живеат со последиците од коруптивните шеми на власта: повисоки сметки за струја, поскапи горива, растечки цени и сè потежок животен стандард.
„Кога граѓаните плаќаат поскапа струја, поскапа храна и поскапи горива, а власта не нуди решенија, тогаш е јасно дека проблемот е во криминалот на Владата“, потецнираше членот на Извршниот одбор на СДСМ, Јон Фрчкоски.


