Close Menu
Press24
    Најново

    Фрчкоски: Владата на Мицкоски е самата корупција а граѓаните ја плаќаат цената

    26.03.2026 во 22:22

    Мицкоски: Ќе одговара секој кој прави криминално дејство а е на раководна позиција

    26.03.2026 во 22:20

    Силно невреме го погоди соседството

    26.03.2026 во 22:07
    Facebook X (Twitter) Instagram
    • Фрчкоски: Владата на Мицкоски е самата корупција а граѓаните ја плаќаат цената
    • Мицкоски: Ќе одговара секој кој прави криминално дејство а е на раководна позиција
    • Силно невреме го погоди соседството
    • Тренчевска: Цените растат, владата да ја надмине суетата и да ги прифати мерките на СДСМ
    • Трамп ја опиша контролата врз иранската нафта како „опција“
    • Снег и на Шапка
    • Продлабочување на соработката: Средба на Стаменкоска Трајкоска со американската в.д. амбасадорка
    • Николова до Лабудовиќ: Кој ќе понесе одговорност за затруените работници во РЕК Битола?
    • Најново
    • Популарно
    • Маркетинг
    • Импресум
    Facebook Instagram TikTok
    Press24Press24
    • Насловна
    • Македонија
      • Политика
      • Скопје
      • Црна хроника
    • Бизнис
    • Свет
      • Регион
    • Забава
    • Спорт
    • Технологија
    • Интервју
    Press24
    Home » Фрчкоски: Владата на Мицкоски е самата корупција а граѓаните ја плаќаат цената

    Фрчкоски: Владата на Мицкоски е самата корупција а граѓаните ја плаќаат цената

    26.03.2026 во 22:222 Mins Read
    Сподели
    Facebook Twitter LinkedIn Pinterest Email

    Владата на Христијан Мицкоски самата е корупција, а граѓаните на крај ја плаќаат цената, рече Јон Фрчкоски, член на Извршниот одбор на СДСМ, во дебатата на ТВ 21.

    „Имате влада која што е инволвирана во два типа на скандали. Прво, една тендерска шема која што многу пати ја зборуваме јавно. Јавните 161 тендер фирма која што во јавноста се поврзува со актуелен директор од владата. Фирма која што има двајца вработени и добија едно 9 милиони евра граѓански пари. Имате фирма која што постои неколку месеци и добива 5 милиони евра. 77 тендери за една од омилените фирми на ВМРО, која што испадна дека нејзин сопствен бил поранен што член на ВМРО. Понатаму имате 54 тендери за друга фирма, унгарски пари, кредит, за да можат сето тоа да го сервисираат и да го свртат. Понатаму, објавивме нешто можеби и многу посериозно и го аргументиравме за октопод во енергетиката. Имате инсталација во три институции, РЕК, Развојната банка, понатаму последно Регулаторната комисија за енергетика, Конзул почесен во Србија, кој што според нас е дел од таа мрежа. “ рече Фрчкоски.

    Наместо одговори за овие скандали, ВМРО-ДПМНЕ, секојдневно се служи со дефокус, пропаганда, лични напади и најгнасни навреди, рече Фрчкоски.

    „Една година се бават со ефтина пропаганда, со најгнасен наратив, а криминал и корупција има на секој чекор“, порача Фрчкоски.

    Фрчкоски посочи дека граѓаните денес живеат со последиците од коруптивните шеми на власта: повисоки сметки за струја, поскапи горива, растечки цени и сè потежок животен стандард.

    „Кога граѓаните плаќаат поскапа струја, поскапа храна и поскапи горива, а власта не нуди решенија, тогаш е јасно дека проблемот е во криминалот на Владата“, потецнираше членот на Извршниот одбор на СДСМ, Јон Фрчкоски.

    Популарно

    Фрчкоски: Владата на Мицкоски е самата корупција а граѓаните ја плаќаат цената

    26.03.2026 во 22:22

    Мицкоски: Ќе одговара секој кој прави криминално дејство а е на раководна позиција

    26.03.2026 во 22:20

    Силно невреме го погоди соседството

    26.03.2026 во 22:07

    Тренчевска: Цените растат, владата да ја надмине суетата и да ги прифати мерките на СДСМ

    26.03.2026 во 21:43
    Facebook X (Twitter) Instagram
    • Насловна
    • Најново
    • Импресум
    • Маркетинг
    Њу Медиа Комјуникејшн © 2010 | сите права заштитени

    Type above and press Enter to search. Press Esc to cancel.